На социјалните мрежи од вечерва се споделуваат повици за протест во врска со сообраќајната несреќа  се случи на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Во 13 часот пред пекарницата „Силбо“ – местото каде што смртно беше прегазена 22-годишната Фросина Кулакова.

Сообраќајката се случи вечерта на 29 јануари, петнаесетина минути пред полноќ. Девојката поминувала на пешачки премин кога во неа удрил автомобил со кој управувал 20-годишен скопјанец. Според наводите на Обвинителството, тој возел под дејство на алкохол, немал возачка дозвола и поминал на црвено. Момчето и претходно било гонето за други кривични дела – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Во текот на постапката за овие дела момчето било во притвор, а скопското обвинителство поднело обвинение со предлог за продолжување на притворот. Судот, пак, ја укинал притворската мерка за обезбедување и одлучил момчето да биде испратено во воспитно-поправниот дом во Тетово.

Граѓаните револтирани и бараат правда. Згасна млад живот!

Фросина, почивај во мир.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *