Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.
Максималната температура ќе достигне до 25 степени.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Од среда врнежите наместа ќе бидат пообилни, повремено поројни.