Наутро по одделни котлини со услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.
До недела ќе преовладува променливо облачно и значително посвежо време. Утре ќе има услови за појава на магла по одделни котлини, а во петок и сабота слаб локален дожд претежно во западните делови. Во почетокот на следната седмица времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури.


