Променливо облачно, претпладне ќе има наместа пообилни повремени врнежи од дожд, а на планините претежно во северните делови од повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 1 до 6°C, а максималната од 6 до 13°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-2 Попова Шапка, -1 Лазарополе, 0 Маврови Анови, 1 Крушево, 3 Тетово, Дебар, 4 Берово, Крива Паланка, Охрид, Претор, Прилеп, 5 Битола, Куманово, Скопје-Зајчев Рид, Виница, 6 Кавадарци, Скопје-Петровец, Велес, Штип, 7 Струмица, 8 Демир Капија, Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
21 Маврови Анови, 14 Пожаране, 13 Попова Шапка, Битола, 11 Крушево, Тетово, Лазарополе, 10 Претор, 8 Куманово, 6 Штип, Гевгелија, 4 Велес, 3 Скопје – Зајчев Рид, 2 Дебар, Крива Паланка, Охрид, 1 Прилеп, Демир Капија, Виница.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
53 Маврови Анови, 49 Попова Шапка, 16 Крушево, 4 Лазарополе.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 10.0, Преспанско Езеро 9.0, Дојранско Езеро 8.2.