Продажен објект на  местото на споменикот Александар Македонски.

Штипскиот градски плоштад, кој долги години претставуваше симбол на културниот идентитет и урбаниот дух на градот, денеска доби ново, но и контроверзно „обележје“. Од денеска, на централниот плоштад никна нов монтиран објект, кој предизвика силни реакции меѓу граѓаните. Објектот е поставен токму на местото каде што до неодамна се наоѓаше споменикот на Александар Македонски.

 

Според информациите до кои дојде Енџелс ФМ, новоизградениот објект најверојатно ќе има комерцијална намена, и тоа како продажен објект односно ќе биде со функција „Тобако“. Ова дополнително ги разгневи дел од жителите, кои сметаат дека ваквиот објект не му доликува на центарот на градот и прашуваат како е возможно да никнуваат дивоградби на јавно место.

Главното прашање што се наметнува е – кој дозволува поставување на вакви објекти и  Дали се исполнети сите законски услови за нејзино поставување?

Бидејќи очигледно станува збор за класичен пример на урбанистички хаос и занемарување на јавниот интерес.

Радио Енџелс ФМ одговор за ова побара од секретарот  на Општина Штип но не доби никаков одговор на истите прашања…….

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *