Декември е последното поглавје од една година. Декември е онаа „тенка линија“ помеѓу стариот крај и новиот почеток. Затоа токму тој е и најубавиот месец од годината.

Зарем постои човек кој не ја сака новогодишната еуфорија и новогодишните празници? Подароци, прослави, семејни ручеци, собиранки со најблиските пријатели, среќата во овој преиод од годината е во воздухот. За предновогодишните попусти може да се рече дека го „надминуваат“ и Black Friday. Не постои жена или пак девојка која не ја чека оваа сезона само за да си го купи капутот која го „меркала“ со месеци пред тоа. Сите можеме да се согласиме дека без разлика на возраста сите секогаш уживаме да добиваме подароци. Декември е месецот со најмногу забави. Предновогодишни собиранки и прослави со пријателите и семејството, големата новогодишната забава и сите други забави.

Декември е како лош, тежок ден за кој знаеме дека поминува и дека конечно ќе следува нов, поубав и подобар ден.

Тој е тој кој нè мотивира да веруваме дека наредната година ќе биде уште подобра, со повеќе насмевки, повеќе љубов и повеќе успеси.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *