Според Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на викендот се очекува продор на влажен бран, поради што во сабота и во недела времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег.
Утринската температура ќе се движи во интервал од минус пет до три Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од пет до 14 степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на викендот се очекува продор на влажен бран, поради што во сабота и во недела времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На планините, а во недела и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Во недела попладне и во понеделник ќе дува засилен северен ветер.