До петок се очекува претежно облачно време, со повремени врнежи со променлив интензите. Во четврток наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 литри на квадратен метар), а поради продор на постудена воздушна маса од север во четврток и петок на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

Утринската температура ќе се движи во интервал од мунис еден до седум Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од пет до 10 степени.

Според УХМР, до петок се очекува претежно облачно време, со повремени врнежи со променлив интензитет. Во четврток наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 литри на квадратен метар), а поради продор на постудена воздушна маса од север во четврток и петок на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено во петок.

Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *