На 14-ти февруари се одбележуваат два различни, но важни празника – Свети Трифун и Свети Валентин. Во некои земји се слават посебно, а во последните години често се прославуваат заедно.
Свети Трифун е православен светец, заштитник на лозјата и земјоделството. Легендата вели дека бил роден околу 225 година во Фригија и имал дар од Бога да лекува болести. Кога ја излекувал ќерката на римскиот император Гордијан, неговата добрина станала позната низ царството. Подоцна, заради верата во Христос, бил затворен и умрeл маченички на 14-ти февруари по новиот календар. Денес, лозарите на овој ден ги закројуваат лозјата и ги полеваат со вино или света вода, со надеж за богат род и заштита од штетници.
Свети Валентин е католички светец познат како заштитник на љубовта. Тој тајно ги венчавал младите војници и нивните избранички, и затоа бил затворен и погубен. Според легендата, испратил писмо на една девојка која се грижела за него, по што таа прогледала. Од тогаш, 14-ти февруари се смета за ден на љубовта, и се празнува со пораки, подароци и романтични гестови.
Во Македонија, на овој ден луѓето го прославуваат и со обичаи за лозјата, и со прослава на љубовта. Така, без разлика дали сте лозар или млад пар, 14-ти февруари е ден за заштита, љубов и радост.

