Изборот на појадок може да ја подобри функцијата и способностите на мозокот, според новите испитувања, се чини, особено ако во јадењето има и јаткасти плодови. Новите научни испитувања откриваат дека испитаниците – млади лица, кои јаделе околу 50 грама ореви измешани во својот утрински оброк, имале повеќе придобивки во текот на денот, вклучувајќи побрзи умствени реакции и подобро помнење – во споредба со појадок без јаткасти плодови.

Занимливо е тоа што трудот покажува и дека повеќе испитаници изјавиле дека се чувствуваат малку понегативно по појадокот со ореви во споредба со контролниот оброк. Тие, исто така, го оцениле мирисот на појадокот со ореви како помалку привлечен и пројавиле посилна желба за мрсна храна откако појадувале.
Во однос на крвните маркери, истражувачите забележале дека нивото на шеќер е малку повисоко по појадокот со ореви, додека нивото на слободните масни киселини биле пониски во споредба со контролниот појадок. Овие промени во шеќерот и масните киселини можеби се поврзани со тоа како јаткастите плодови влијаат на достапноста на енергија и метаболизмот во мозокот, потенцијално придонесувајќи за забележаните когнитивни придобивки.

