Фудбалските фанови ги очекуваат големите пресметки кои следат во четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Спектаклот ќе стартува утре со пресметките меѓу Реал Мадрид Манчестер Сити-и Арсенал-Баерн Минхен, додека во среда на програмата се дуелите ПСЖ-Барселона, односно Атлетико-Борусија Дортмунд.
Во среда главен дуел ќе биде оној меѓу актуелниот француски и шпански шампион.
Инаку во пресрет на утрешниот натпревар Навивачите на Реал Мадрид, испратија порака до сите фанови кои ќе се најдат на трибините на „Сантијаго Бернабеу“ во вторник на 9-ти април на мечот со Манчестер сити, на стадион да дојдат облечени во бело.
Натпреварите се во стадардниот термин од 21.00 часот.