По 40 години, ќе се изврши темелна реконструкција на улиците во штипската населба Леваци, една од најстарите населби во градот. Реконструкцијата ќе се одвива етапно а предвидено е изменет сообраќаен режим најави за ЕнџелсФМ градоначалникот Иван Јорданов.
Ќе се реконструираат улиците Кристијан Карпош, Коле Неделковски, АСНОМ, Рудо и другите околни улици во рамките на населбата.
Најпрво ќе се започне со подземната инсфраструктура со што дел од улиците ќе бидат со променет сообраќаен режим, со отежнато движење и фуннкционирање се додека трае реконструкцијата. Паралелно е предвидено нови тротоарски површини партерно и хортикултурно уредување. Реконструцијата е предвидена да заврши до крајот на септември