Изминатиот викенд на меѓународнот пливачки митинг „Орион куп мини“ што се одржа во базенот на „Борис Трајковски“ во Скопје, пливачите на „Челични“ од Штип, Методи Георгиев и Ивона Наумова повторно со големи успеси и нови медали. Ивона Наумова освои две медали. сребрени медали во дисциплините 50 и 100 метри делфин, Методи Георгиев освои бронзен медал на 100 метри делфин и 4 место во словодно.

Да потсетиме, Штип нема бззен, ни отворен ( за пливачите) но и затворен кој пливачите  го чекаат да се изгради веќе неколку години.Модерниот спортски комплекс своите врати  требаше да ги отвори до крајот на 2021, а најверојатно децата ќе треба да почекат уште некое време за првите часови по пливање. Додека во Европа ваквите објекти се градат за еден месец, на нас ни се потребни години,  реагираат спортските работници.

Но како и да е додека го чекаат базенот пливачите на „Челични“ од сите  натпревари се враќаат со медали.

 

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *