Стравот од оваа дата сеуште е актуелен. Суеверните луѓе на овој ден дури и одбиваат да излезат од дома, некои се откажуваат од патување со авион, а некои и воопшто не патуваат.
Еве неколку од интересните приказни во историјата кои се случиле токму на петок 13ти:
Според нумеролозите бројката 13 „страда“ поради неговата позиција после бројот 12. Така на пример постојат 12 месеци во годината, 12 хороскопски знаци, 12 богови на Олимп, 12 племиња на Израел, 12 апостоли на Исус. Во картите Тарот 13-та е картата на смртта.
13ти јануари, 2006, 13ти октомври, 2006 и 13ти Мај, 2011та година не само што се петоци, туку и бројките од денот, месецот и годината даваат збир од 13.
И можеби најзастрашувачката приказна која допрва ќе ја дочекаме и која ќе се раскажува:
– Според најновите истражувања астероидот Апофилис ќе се приближи на земјата во петок, 13ти Април, 2029та година.
Повеќе од 80% од високите згради немаат 13-ти спрат.
Многу авиони го пропуштаат својот лет на 13-ти, посебно во петок.
Во Формула 1 на пример не постои болид со бројот 13.