На синоќешната церемонија, организирана од страна на Мотоциклистичката Федерација на Македонија, штипјанецот Петар Мијалков беше почесно признат за своите извонредни постигнувања и успеси во мото спортот. Тој доби неколку награди и признанија за впечатливите резултати кои ги оствари во текот на годината, како на домашен терен, така и на меѓународни натпревари. Неговите напори и посветеност во овој спорт не поминаа незабележано, што го постави како еден од најдобрите мотоциклисти во државата и пошироко.

Миjaлков освои награди за учество на Европски првенства и за Државен првак.

„Ноќ за паметење! Чест ми е што добив неколку награди на синоќешната церемонија организирана од Мотоциклистичката федерација на Македонија. Да се сподели сцената со толку талентирани колеги е секогаш привилегија. Благодарен сум за поддршката од мојот тим, навивачите и сите што го направија ова возможно. Кон уште повеќе успеси и возбудливи моменти во иднина„ истакна Мијалков на социјалните мрежи

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *