Петар Мијалков е нов шампион во БМУ Европскиот шампионат, што претставува најголем успех во неговата досегашна кариера.
По повод овој историски резултат, во Штип ќе се одржи шампионски круг, со кој ќе се одбележи европската титула. Настанот ќе се одржи во сабота, на 25 октомври, со почеток во 11 часот пред Градскиот стадион (новата пошта).
Во 11:30 часот ќе започне дефиле низ центарот на градот, а во 12 часот учесниците ќе пристигнат на градскиот плоштад, каде ќе бидат изложени тркачките мотори со кои Мијалков ја освои титулата.
Настанот ќе биде можност љубителите на мотоспортот да ги видат моторите одблизу и да го прослават големиот успех на штипјанецот, кој оваа сезона го освои првото место во европското првенство.
Датум: 25.10.2025 (сабота)
Време: Собирање во 11:00 часот
Локација: Кај новата пошта – Градски стадион
Ги покануваме сите љубители на моторите да ни се придружат на шампионскиот круг!
Во 11:30 часот тргнуваме со дефиле низ центарот на градот, а во 12:00 часот пристигнуваме на градскиот плоштад, каде што ќе се одржи настанот и ќе бидат изложени тркачките мотори.

