Пејачот Дима Билан, којшто ѝ донесе победа на Русија на Изборот за песна на Евровизија во 2008 година, сними песна со српскиот актер Милош Биковиќ.

Станува збор за нумерата „Добро пожаловать в рай“ на руски јазик, којашто е дел од саундтракот за руската серија „Дајте ми шоу“ („Дайте шоу“), во која глуми и српскиот актер.

Да потсетиме, Биковиќ ужива голема слава во Русија, каде важи за еден од најпопуларните актери и е „рамо до рамо“ со тамошните филмски ѕвезди.

Билан објави краток сегмент од видеозаписот, со којшто ја испромовира песната.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *