Сребрен медал освои чудото од дете Дамјан Давков на Светската олипијада по информатика што се одржа во Александрија, Египет, еден од најталентираните средношколци во Македонија, кој два пати по ред освои злато на Светската олимпијада по математика.
Дамјан Давков е единствениот средношколец од Македонија но и од светот со најдобар резултат. Тој успеа да освои злато и сребро на две од олимпијадите и тоа на најпрестижните, по математика и по програмирање. Да постетиме дека освои и златен медал на математичката олимпијада во Бат, Англија.
Инаку на светската олимпијада годинава учествуваа 370 ученици од 96 земји од целиот свет.
- Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ 2024) се одржа од 1 до 8 септември.