Извонреден настап на Борачите од штипскиот клуб Олимпија, овој пат го освоија првото место во екипен пласман на меѓународниот турнир во Трикала, Грција.БК Олимпија го освои првото место во екипниот пласман за девојки и второ место за момчиња, што е огромно достигнување за тимот на Олимпија од Штип.

„Се гордееме што нашите борци го покажаа својот талент и посветеност на меѓународниот турнир во борење, кој се одржа во Трикала, Грција. БК Олимпија го освои првото место во екипниот пласман за девојки и второ место за момчиња – огромно достигнување за нашиот тим“ истакнаа од Олимпија 

Поединечен пласман:

61 кг Андреа Нисева во У-17 – златен медал
57 кг Анастасија Трајчева – бронзен,
Марија Нисева У-13 – сребрен

У-15 машки
57 кг Дарко Коцев – сребрен
62 кг Лука Николов – сребрен
68 кг Филип Тодоров – сребрен

 

На турнирот учествуваа борачи од Грција, Романија, Велика Британија, Бугарија, Србија, Молдавија, Таџикистан, Словачка со над 25о борачи во трите стила.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *