Фаворитот Алијанц Милано без поголем отпор го доби првиот дуел од 1/16-финалето во Челинџ Купо во одбојка, совладувајќи го Штип-угд со 0–3 во сетови на теренот во Радовиш.Реваншот е закажан за 6 јануари 2025 во Италија.
Одбојкарите на Одбојкарски клуб “Штип Угд” – Штип загубија со 0:3 (12:25, 14:25, 20:25) од Powervolley Milano во првиот меч во 1/16 финалето од #cevchallengecup вечерва во салата “25 Мај” во Радовиш.
Тимот на Кристијан Ристески се обиде да понуди отпор на фаворизираниот противник, но немаше ниту сила, ниту искуство за нешто повеќе.
Целта на македонскиот претставник беше да понуди убава одбојкарска претстава со италијанскиот ривал и да ужива во фактот дека стигна до главната рунда во премиерниот настап на европско тло.
Репрезентативецот Стојан Илиев со девет поени беше најрасположен, следен од Стефан Алексов со шест поени.
Реваншот од оваа фаза во Челинџ купот македонскиот претставник го игра на 6 јануари 2026 година во Милано.
извор: Одбојкарска федерација на Македонија

