Четворица штипјани го освоиjа првото место во категорија  Team Building-трка на 5 километри на познатиот маратон ОхридТрчат кој се одржa изминатиот викенд во Охрид по осми пат.

Од вкупно 33 тима, штипскиот тим Electrolight  предводен од Даниел Самаров, Мартин Самаров, Виктор Ефремов и Кире Петров беше најдобар и најбрз тим со резултат 20:14

Инаку Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски победи на главната трка на 21 километар со резултат  1:10:01 часа.

Најдобар резултат во женска конкуренција во трката на 21 километар оствари Милјана Ристиќ со резултат 1:30:01 часа.

Во трката на пет километри победи Мирослав Спасов од Бугарија со време 18:11 минути,

Во женска конкуренција на пет километри најбрза беше Емили Иваноска со време 24:25 минути.

Наградите на најдобрите атлетичари им ги врачија претседателката Гордана Сиљановска Давкова и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

На „Охрид трчаТ“ оваа година учество зедоа рекордни 2.200 натпреварувачи од 31 земја.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *