Поради  врнежиte од дожд, денеска се појавија одрони на патниот правец кај штипското Ново Село. Дел од одроните предизвикаа материјална штета на патничко моторно возило – комбе, кое се нашло на овој дел од патот во моментот на одронувањето.

Поради настанот, сообраќајот се одвиваше со привремен застој, сè до расчистување на патната површина и обезбедување на безбедни услови за движење. Надлежните служби излегоа на терен и презедоа мерки за нормализирање на сообраќајот.

Од надлежните се апелира до возачите да бидат особено внимателни при движење на овој дел од градот, да ја прилагодат брзината на условите на патот и да ги почитуваат сообраќајните знаци, сè со цел избегнување на евентуални несакани ситуации.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *