Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно. Претежно во југозападните делови ќе има повремен локален слаб дожд.
Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и локална појава на краткотраен дожд.
Во почетокот на новата работна седмица ќе преовладува претежно облачно и постудено време со повремени врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во некои од пониските места со врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

