Новогодишна музичка идила со Симон и пријателите на 20 декември во Арена Борис Трајковски ќе настапи заедно со неговите пријатели, врвни македонски уметници. Ќе свири и популарни новогодишни песни, како што тоа го прават и најголемите музички ѕвезди. Симон Трпчески вели дека секогаш кога настапува на сцените низ светот дава сѐ од себе, но потенцира дека емоцијата е посилна кога се свири дома. Оваа новогодишна вечер е за сите – за оние кои го сакаат класичниот звук, но и за оние кои едноставно сакаат да уживаат во празничен концерт кој носи радост и инспирација.