Штипско Ново Село е легенда за историјата на Македонија и ретко кое место во земјава има родено дејци и револуционери кои придонеле за развојот на историјата.

Музејот на Дејците во штипско Ново село беше пуштен и реставриран во 2014. Точно 10 години овој музеј ја чува историјата на Штип и Македонија.

Градбата, која е дел од староградската архитектура, е заведена како Културно наследство на Македонија под називот Куќа на ул. „Крсте Мисирков“ бр. 34 или познатата Андонова куќа. Возобновена куќа на старата новоселска фамилија Андонови која беше откупена од Министерството за култура со цел да се сочува овој вреден споменик на културата и да се обезбеди неговото одржливо користење.

Музејот е посветен на дејци на ВМРО и нејзината револуционерна дејност во и околу реонот на градот Штип. Во музејот се изложени документи, оружје и предмети, како и 11 восочни фигури на учителите во Штип и водачи на македонската револуционерната организацијаГоце ДелчевДаме Груев и Ѓорче Петров како и на многу штипски дејци меѓу кои Мише РазвигоровТодор Александров и Ванчо Михајлов.

Легендите тука се испреплетуваат на секој чекор.Токму затоа Ново Село само по себе е легенда за Македонија. Ваквата легенда од денес со уште една карактеристична куќа музеј која од едно место и во посебен автентичен стил ќе раскажува за славните даскали од штипско

Музејот поседува изложбен простор од 160 м2, седум засебни простории во кои се поместени вепчатливи на вредни експонати, фотографии автенични документи лични предмети воена опрема и оружја поврзани со најзначајните личности од овој регион кои биле вклучени во активностите на македонската револуционерна организација од нејзиното основање до Солун 1893 се до случувањата во Марсеј 1934 година.

 

НОВИНАР НИКОЛА АРСОВ

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *