Реставрација на неколку стари куќи во Ново село, нов изглед на изворот Лџи, инвестирање во Бањскиот туризам односно во Бања Кежовица и целосно осветлување на тврдината Исар се проектите кои ќе се реализираат во идниот период истакна денеска за радио ЕнџелсФМ градоналаникот Иван Јорданов.
Реставрација на старите куќи во Штипско Ново Село е еден од најважните проекти во оваа насока. Реконструкцијата на историските објекти ќе помогне во враќањето на автентичниот лик на оваа традиционална населба, со што ќе се зачуваат културните и архитектонските карактеристики кои го дефинираат нејзиниот уникатен идентитет. Ова не само што ќе има естетски ефект, туку и ќе ја зголеми привлечноста на Ново Село како туристичка дестинација, која ќе се појави на картата на оние кои го ценат историското наследство и културниот туризам.
Реконструкција на Бања Кежовица и изворот Лџи Уредувањето на Бањата Кежовица, како и целосната реконструкција на сместувачките капацитети, ќе овозможи развој на бањскиот туризам, создавајќи нови услови за посетителите и за потенцијални инвеститори кои во иднина ќе инвестираат во неискористениот дел на Бања Кежовица односно целата развој на овој дел предвиден во Деталниот Урбанистички план.
Во завршна фаза е и проектот за осветлување на тврдината Исар. Осветлувањето ќе ја нагласи нејзината историја и ќе ја направи видлива и пријатна за посета и во ноќните часови, што ќе придонесе за зголемена туристичка фреквенција.
“Дополнително ќе бидат реставрирани неколку куќи во Ново село со тоа што ќе се подобри целиот амбиент и автентичност. Потоа во проектот е предвидено Реконструкција на сместувачкиот капацитет и реконструкција на дел од Бања Кежовица како и реконструкција и промена на изгледот на изворот Л’џи кој што како туристичка понуда ќе биде ставен на мапата. Работиме на проект на реставрација на тврдината Исар и целосно осветлување на истата а дополнително се носи Детален Урбанистички план за Бањата Кежовица наоколу целата површина која не е искористена но и за Развој на Бањскиот туризам“ истакна Иван Јорданов-Градоначалник на Штип


