Од овој викенд односно на 18, 19 и 20 октомври почнува новата сезона во најурбаниот и најмодерен локал во Штип и Македонија Angels Café.

По одличната летна сезона во италијански амбиент „La vita e’ Bella“ посетителите имаа можност да уживаат во текот на топлите летни денови исполнети со голем број на настапи во живо, познати артисти и диџеи. Филип Ѓурков менаџер на Angels Cafe најави дека следува одлична есен-зимска сезона во нов амбиент, надополнет со ново осветлување и озвучување се со цел гостите да се чувстуваат убаво и комфорно како и до сега.

Ламбе, Александра Јанева, Ивона ЈО, Ѓоко Таневски, Александар Тарабунов се само дел од артистите кои ќе настапат во периодот што следува, а веќе за наредниот викенд Angels Cafe го најавува и Макфестовскиот викенд со настапи во живо, македонски пејачи, диџеи и денски забави.

Она што со сигурност може да се истакне е дека и оваа сезона ќе биде исполнета со голем избор на коктели, кафе и вкусно вино.

Бајката наречена Angels Cafe е во најубавиот период од годината, затоа драги посетители на вас само ви преостанува насмевка на лицето, многу љубов и Наздравје нова сезона!

МOVING INSIDE е програмата за овој викенд со следниве артисти 

ПЕТОК – DJ CHIKO

  • VLADIMIR POPOVSKI & NEO BAND

САБОТА – DAC I ALEKSANDAR

НЕДЕЛА – METO DI FLASH

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *