Катедралата ги отвори своите врати кон крајот на 2024 година по деталната реставрација по пожарот во кој беше оштетена пет години претходно, а како што а наведе ректорот на катедралата, монсињор Оливие Рибадо Дима, во моментот е најпосетуваниот споменик во Франција, пренесува весникот „Трибин диманш“.

Катедралата Нотр Дам од 16 декември минатата година до 30 јуни годинава ја посетиле 6,02 милиони луѓе, што е во просек 35.000 посетители дневно.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *