Несоницата во одредена фаза од животот се појавува.

Недостатокот на сон може негативно да влијае на здравјето на срцето, да предизвика депресија, па дури и Алцхајмер, па затоа многу е важно да се наспиете убаво. На возрасните луѓе им се потребни од 6 до 8 часа, додека постарите во просек спијат помалку.

Причина за несоница може да биде пореметен сон како што е континуиран прекин на дишењето во текот на ноќта, емоционални проблеми како што се анксиозност, депресија или фобии, преголемо консумирање алкохол, користење на таблети за спиење итн. Намалете го внесот на кофеин – високиот внес на кофеин може да влијае и на сонот, да предизвика несоница и вознемиреност. Исто така, не јадете чоколадо пред спиење и избегнувајте да ставате шеќер во напитоците. Јадете храна богата со магнезиум  – недостатокот на магнезиум може да предизвика несоница, грчеви во мускулите, анксиозност, нервоза и болка. Јадете бадеми, индиски ореви и пијте пивски квасец.

Кантарион – се користи за несоница предизвикана поради депресија. Консултирајте се со вашиот лекар кој ќе ја дијагностицира и процени депресијата.

Недостатокот на физичка активност може да биде причина за несоница. Меѓутоа не се препорачува да вежбате навечер доколку имате проблеми со несоница.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *