Од денеска до сабота ќе се одржи 16. по ред Интернационален фестивал на пантомима и физички театар „Панфиз“во Скопје. На годинешното издание на фестивалот ќе бидат прикажани три претстави од различни жанрови и земји. Патување 2000 години назад во минатото, моќно, поетско, драматично, трогателно, велат од „Панфиз“ во соопштение до медиумите.Оваа година фестивалот има ревијален карактер, а како и изминативе три години по ред билетите за претставите се бесплатни.