Од четврток синоптичарите најавуваат зголемување на облачноста, а во петок и сабота и повремени локални врнежи од дожд. Дневните температури ќе бидат во опаѓање
Времето денеска ќе биде наутро постудено, а во текот на денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура се движи во интервал од еден до 10 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 22 до 28 степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи и утре (среда) ќе се задржи сончевото и релативно топло време, со појава на локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Од четврток синоптичарите најавуваат зголемување на облачноста, а во петок и сабота и повремени локални врнежи од дожд. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.