Претпладне со услови за појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот сончево и тивко со мала до умерена облачност.
Во Скопје претпладне облачно, преку денот тивко со променлива облачност.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -5 до 1°C, а максималната од 3 до 10°C.
Минимална температура (во °C)
-3 Попова Шапка, -2 Маврови Анови, -1 Крушево, 0 Берово, 1 Претор, Дебар, 2 Охрид, Крива Паланка, 3 Куманово, Тетово, Битола, Прилеп, 4 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Скопје-Петровец, Штип, Виница 5 Струмица, Велес, Демир Капија, 7 Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
44 Попова Шапка, 34 Кавадарци, Маврови Анови, 30 Демир Капија, 23 Битола, 21 Прилеп, 18 Лазарополе, 17 Берово, 14 Гевгелија, 10 Скопје Петровец, Крушево, 9 Струмица, Велес, 8 Виница, 7 Тетово, Претор, 3 Скопје – Зајчев Рид, 3 Куманово, Штип, 2 Дебар, Крива Паланка.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
61 Маврови Анови, 48 Попова Шапка, 35 Крушево, 21 Лазарополе, 5 Дебар, 4 Претор, 3 Берово.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 12.0, Преспанско Езеро 8.0, Дојранско Езеро 8.6.