Во Македонската опера и балет, на 12. Октомври 2024 година, за првпат ќе се одржи интернационален натпревар во пеење „Песните на Тоше Проески“.На настанот ќе учествуваат млади музичари од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, но и подалечните земји како Русија, Украина, Малта, Израел…
Натреварувачите ќе настапат прво во полуфиналето, а потоа ќе следува и финале во кое ќе учествуваат сите оние кои ќе бидат најдобро оценети од страна на жирито, составено од бендот на Тоше.Организаторите најавуваат дека овој настан ќе ги обедини најдобрите млади музичари и пејачи од Македонија и пошироко, кои во живо ќе ги изведуваат безвременските хитови на Тоше