Според метеоролозите, на 24 јули 2007 година беше измерена највисоката температура откако се вршат мерења во земјава
Најтоплиот ден во историјата на Македонија беше измерена во Демир Капија со рекордна температура од 45.7°C.
Ова е официјално највисоката температура регистрирана во земјата според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Уште во раните утрински часови, се измерени 30 степени, а за денеска се најавуваат екстремни 43 степени Целзиусови. Пред нас е потенцијално најтоплиот ден во последните 100 години.
Според прогнозата, времето ќе биде претежно сончево и исклучително топло, со слаб до умерен, а локално и повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури се движат од 14 до 23 степени, а максималните ќе достигнат меѓу 37 и 45 степени.

