Иако е крај на учебната година ученици се уште освојуваат награди објавија на официјалната страна од Гимназијата Славчо Стојменски-Штип
Пред два дена во просториите на институтот по хемија се одржа државниот натпревар по хемија на кој штипските Гимназијалци освои две први и една втора награда.
Две први награди односно златни медали освоиа Иван Костевски и Марио Ванчовски од трета година.
Втора нагрда и сребрен медал освои Даниел Христов од 2-3 клас, вредна како прва, бидејќи немаше ученик од втора година со освоена прва награда.
На државниот натпревар се пласираше и учествуваше и ученичката Горјана Јанева од 2-4 клас.