Ова е мошне важен историски споменик на градот. Се наоѓа на самиот влез во Штип. Според податоците, мостот бил изграден во 1672 година и спаѓа во ретките примероци на турската архитектура. Мостот го добил името по султанот Ќучук Емир. За време на првата Балканска војна преку овој мост поминувала демаркационата линија, која градот го делела на српски и бугарски дел.
Во минатото со оглед на големиот водостој, мостот имал мошне важна комуникациска улога, но денес со намалувањето на водата во реката Брегалница, има повеќе историско – архитектурно значење.
Познат како Камениот или Емир Ќучук-султановиот мост, до пред шест децении беше главна врска на штипјани од двете страни на Брегалница, преку него се патувало и кон Скопје Радовиш и Струмица, тогаш во близина се изгради уште еден мост на втората по должина река во Македонија.
Мостовите, како симбол на зближување меѓу луѓето се граделе уште од почетокот на човештвото, а во нивната изградба се вложувале многу маки, труд и мајсторство. Тој камен лаков мост, има седум големи лачни сводови, а помеѓу нив шест помали. Површината на коловозот била направена од камени плочи, а оградата од големи камени блокови. Во 1925 година, за да се прошири коловозот, таа ограда се заменува со железна. Во 1944 година, при повлекувањето на германската војска од Штип, мостот бил миниран, при што му биле урнати три свода. Потоа тој дел привремено бил премостен со дрвeна конструкција, за пред половина век да се реконструира и да му се врати првобитиот изглед.
Кај овој мост според предвидената студија за регулација на Брегалница се предвидувало да се изгради и гумена брана
Најавена реконструкција за три и пол века стариот Камен мост во Штип.
Емир Ќучук-Султановиот мост и по толку време сѐ уште ги опслужува штипјани како еден од премините преку река Брегалница, иако е реновиран неколкупати во последно време повторно се забележуваат оштетувања, како на коловозот, така и на тротоарите од двете страни и заштитната ограда, сепак и понатаму останува еден од најфреквентните мостови во Штип, кој е од голема потреба за жителите