Деновите како 11 ноември, кога се формира низата 1-1-1-1, во нумерологијата се сметаат за најмоќни портали за манифестирање и привлекување позитивна енергија, но и за исполнување желби.
Нумеролозите веруваат дека денешниот датум, 11.11, е многу силен и дека со себе носи голема енергија. Според нив, ова е совршен дека за манифестирање, за афирмации и за исполнување желби.
Според нумерологијата, секој број има посебно значење и енергија која влијае на нашиот животен пат.
Низата од единици симболизира нов почеток, внатрешна сила и моќ на создавањето.
Па кога четири единици се појавуваат заедно, нивната енергија се зголемува, се шири и отвора простор за реализација на она што најмногу го посакуваме во тој момент.

Како да ја искористите енергијата на 11 ноември и низата 1-1-1-1?
Нумеролозите советуваат да го поминете 11.11 во мир, со позитивни мисли и да се фокусирате на она што го сакате, а да избегнувате да мислите на работите што ве плашат, растажуваат, што ви носат неубавочувство.
Според нив, енергијата што во себе ја има овој ден, им помага на мислите побрзо да станат реалност.
Оние кои веруваат во силата на броевите, советуваат да го посветите овој ден на вашите најдлабоки желби.

Како да го постигнете тоа?
Една од најпопуларните техники е методата „Јас сум сигурен/а“, кој го промовира Сара Перл. Принципот е едноставен – прво, јасно дефинирајте ја желбата или намерата.
Потоа гласно кажете „Јас сум сигурен/а“ и завршете ја реченицата во сегашно, а не во идно време.
На пример, ако сакате да манифестирате унапредување на работа, кажете „Сигурен/а сум дека добив унапредување на работа“, наместо „Ќе добијам унапредување на работа“.
Повторете го тоа што ќе го кажете на глас 10 пати, но убедени дека желбата веќе се остварува.
Вториот начин е да ја напишете желба на хартија.
Запишете што сакате да привлечете, но како да е веќе реалност – не „Ќе добијам подобра работа“ туку „Имам подобра работа“.
Ова, според нумеролозите, ги активира потсвесните процеси поврзани со законот за привлекување.
Третиот начин е со помош на енергијата што ја шириме кога се гледаме во огледало и си повторуваме самите на себе добри, убави работи.
Затоа, застанете пред огледало, погледнете се самите себеси во очи, кажете го на глас вашето име, а потоа вашата желба во сегашно време.
Нумеролозите веруваат дека ова ги зголемува позитивните вибрации и го забрзува времето за постигнување на целите.

