Мобилните телефони се во нашите раце преку ден, а повеќето луѓе ги држат мобилните блиску до себе дури и додека спијат. 

Зрачењето од мобилните телефони, микробрановите печки и слични уреди не покажува докази за долгорочни негативни здравствени ефекти. Спиењето покрај мобилен телефон може да влијае на квалитетот на сонот бидејќи поттикнува користење непосредно пред спиење. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои ги користат своите мобилни телефони пред спиење имаат поголема веројатност да имаат послаб сон во споредба со оние кои ги оставаат час или два порано.

Светлото на мобилниот телефон дополнително го нарушува деноноќниот ритам и го намалува производството на мелатонин, хормонот кој не заспива. Намалувањето на мелатонин негативно влијае на фазата на РЕМ спиење, која е клучна за емоциите и сеќавањата, а може да го зголеми стресот и да доведе до здравствени проблеми.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *