Македонската држава оваа година има своја претставничка на претстојниот избор за „Мис на светот”, чие финале ќе се одржи на 31 мај во градот Хајдерабад, Индија, а фестивалските активности траат цели месец дена.
По внимателен избор од страна на организаторот и сопственик на лиценцата, Шаќир Села, воедно и сопственик на најпознатата модна агенција „Даман” во Истанбул, титулата „Мис Македонија” ја понесе Чарна Невзати од Скопје.