Наталија Данаилова со својата нова песна „Милост“ очигледно носи свеж и нов звук, што сигурно ќе им се допадне на љубителите на музиката.
Музиката и текстот се на Весна Малинова, аранжманот на Илија Ќосевски. Видеото го снимаше Pinestel.
Данаилова зад себе има еден албум „Се за тебе“, а песната „Милост“ ќе биде дел од новиот албум што ќе биде завршен оваа пролет.
„Музиката е инспирација, музиката е животна приказна, музиката е многу чувства пренесени во ноти… Стиховите на мојата нова песна „Милост“ се наменети за да допрат до сите, бидејќи сакаме луѓето да почувствуваат емоција и искрено се надевам дека сите слушатели ќе уживаат во неа“, Истакна Наталија Данаилова
