Честа да го претставува Пливачкиот спортски клуб „Челични“ од Штип ќе ја има Милан Димитровски – спортист кој со својата посветеност, дисциплина и љубов кон спортот веќе долго време е инспирација за младите генерации.
Милан е познато име за штипската јавност. Уште од најрана возраст, тој покажуваше страст и талент за физичка активност, активно учествувајќи во разни спортови. Препознатлив е по својата континуирана ангажираност во спортскиот живот и импресивни резултати во повеќе дисциплини.
Неговиот последен голем спортски успех се случи неодамна во Италија, каде што зеде учество на еден од најпрестижните триатлонски настани во светот – Ironman, кој бара исклучителна физичка и ментална подготвеност. Со успешно завршување на овој предизвик, Милан уште еднаш потврди дека е вистински „челичен“ спортист.
Настапот на Илинденскиот маратон претставува уште една важна страница во неговата спортска приказна, но и гордост за Штип и целиот регион. Со својот пример, Милан покажува дека со труд, истрајност и љубов кон спортот, можат да се надминат сите граници.
На Милан му посакуваме успешен настап и достоинствено претставување на клубот и градот!

