По одличните авторски песни како „Те чекам“, „Среќна си ти“ и „Позитивно негативно“, познатиот Мето Ди Флеш најавува нова музичка експлозија. На својот Instagram профил, Мето сподели дека наскоро ќе биде објавена новата песна „Ангелски здив“, заедно со официјален музички видеоспот и тимот кој стои зад продукцијата.
Мето Ди Флеш е препознатлив по неговите незаборавни караоке забави, особено во Angels Cafe, каде што музиката, позитивната енергија и доброто расположение се секогаш на прво место. Новата песна „Ангелски здив“ ветува свежи ритми и мелодии кои ќе ја освежат македонската музичка сцена.
Фановите на Мето со нетрпение го очекуваат официјалната премиер и новиот визуелен доживување што ќе го донесе овој музички проект.
новинар Никола Арсов
