Интервју со Јован Иванов- едукатор и графички дизајнер во „Меркат„ прво специјализирано IT училиште во Штип
Нашата посветеност да останеме во чекор со трендовите во ИТ индустријата, гарантира дека учениците ќе добијат најрелевантно и најсовремено образование.
Образованието Меркат ги отвора вратите кон светот на можности. Без разлика дали студентите се стремат да станат графички дизајнери, веб-програмери, маркетери или создавачи на содржини, нашите програми ја обезбедуваат основата што им е потребна за да ги остварат своите соништа.
Angels FM: Здраво Јован како си? Една година откако постои училиштето, прво специјализирано IT училиште во Штип. Колку сте задоволни после една година и како функционира училиштето?
Јован: Ви благодарам на иницијативата да направиме едно заедничко интервју. После една година можеме да сумираме предности и позитивни работи од целото наше работење но и недостатоци за поефикасна реализиација на годишните програми кои ќе следуваат во иднина.Првичната идеја беше да имаме околу 15-20 ученици но на крајот на годината заврши со над 50 од сите возрасти и бевме изненадени од заинтересираноста на самиот старт. Оваа година имаме слична бројка но сеуште не сме започнале со сите курсеви, се надеваме дека ќе се зголеми бројката уште повеќе.Нашата мисија е да го инспирираме и негуваме креативниот дух кај младите генерации преку длабока посветеност и опремување со знаење и практични вештини уште во раните години
Аngels FM: Во чекор сте со трендовите на IT индустријата каде што учениците го добиваат најсовременото образование. Кој се можностите и на што најмногу се фокусирате како училиште?
Јован: Идејата за училиштето дојде од самата наша потреба за кадар во ИТ светот особено во графичкиот дизајн, програмирањето и веб дизајнот. Јас и мојот партнер заедно со години соработуваме во делот на маркетинг дизајн и имавме потреба да вклучуваме и нови луѓе во тимот кој што имаат начин на работа на кој што имаме и ние, па оттука дојде идеата да нашето долгогодишно знаење да го пренесеме и на помладите и на повозрасните и со тоа да го зголемиме нашиот тим за работа и на способностите на учениците кој што ги бараме ние.Имаме различни обуки и тоа: графички дизајн каде опфаќаме програма од 50 часови во период од шест месеци, потоа веб дизјан и во делот на програмирање ги имаме основите на програмирање и најактуелните би ги нарекол програмски јазици Scratch и Roblox. Тоа се обуки каде децата уште од најмала возраст развиваат логика во светот на програмирањето.


Аngels FM: Јован ти си главниот иницијатор во Ребрендирањето на Телекабел што значи ова и колку време сoрабoтувaте сo компанијата Телекабел.
Јован: Еден од последните проекти беше Ребрендирањето на Телекабел. Можам да кажам дека ова беше голем предизвик бидејќи се работи за домашна компанија која постои 28 години, компанија која поминала низ различни фази. Можеби на почетокот немале ангажирано професионалци да работат на графичкиот дел но како што напредува компанијата напредувале и луѓето кои работат таму. Затоа имавме не толку лесна задача, ние сме во директен контакт со луѓето во Телекабел, знаеме што сакаат и како размислуваат а од друга страна мораме да бидеме и во тек со корисниците кои мора да ја прифатат промената позитивно. Направивме помодерен изглед и поедноставен дизајн на лого кој ќе се користи во најразлични медиуми пред се дигитални.
АngelsFM: Колку се важни тие промени кога станува збор за компании со долгодишно искуство?
Јован: Доколку земете во предвид колку само платежни места има фирма како Телекабел, станува збор за сериозна инвестиција кога доаѓа ред до ребрендирање. Многу ретко се нафаќаат големите компании да го направат тоа од аспект на финансии и собираат храброст. Пред се ова беше храбар чекор за Телекабел и се надевам дека ќе биде прифатен во наредниот период.

АngelsFM: Дали ќе има нови обуки и што може да се очекува наскоро во Меркат?
Јован: Единствена разлика која што ќе ја направиме е раздвојување на обуките кога станува збор за возраста. Програмите кои се предвидени за повозрасни како што се програмирање, маркетинг и едитирање ќе ги оставиме за наредниот период бидејќи разработуваме нова програма и стратегија.
AngelsFM: Јован дали ова се професиите на иднината?
Јован: Искрено мислам дека Не. Доколку ова се професии на сегашноста актуелни и атрактивни, иднината ќе донесе уште поголеми предизвици. Но добро е тоа што овие генерации и ученици ќе имаат силна основа. Јас имам една фраза која ја користам посотојано со моите колеги дека „Оние кои незнаат да програмираат во иднина ќе бидат неписмени луѓе“


