Започна изградбата на најголемиот парк во Штип, Паркот Иднина, кој ќе се протега на површина од 7.000 квадратни метри. Овој амбициозен проект е лоциран покрај Булеварот Партизанска, веднаш до велосипедската и пешачката патека на кејот на река Брегалница, што ќе го направи лесно достапен за сите жители на градот.

Вредноста на инвестицијата изнесува 100 милиони денари, а резултатот ќе биде импозантна зелена зона која ќе понуди многу можности за рекреација и опуштање.Паркот Иднина ќе се карактеризира со урбана опрема, зелена оаза и мини езеро, создавајќи идеално место за одмор и активен живот на отворено. Со овој проект, просторот ќе добие сосема нов изглед и ќе стане клучна рекреативна дестинација во Штип.

На местото каде што ќе се гради паркот, сè уште се наоѓаат старите бунари, кои ќе бидат заштитени и ќе останат само како резервна варијанта, но во иднина нема да се користат за водоснабдување, бидејќи жителите на општина Штип веќе се приклучени на Хидросистемот Злетовица. Истакна на денешната пресконференција градоначалникот на Штип Иван Јорданов

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *