Од најдобриот локал “Angelscafe” до Малта, Никола Тиков е еден од најуспешните македонци коктел-мајстори.
Штипјанецот Никола Тиков веќе неколку години успешно работи на својата професија коктел-мајстор, неговите почетоци се токму во најдобриот локал во Штип и Македонија “Аngels Café” место каде што сите посетители можат да се релаксиираат со најголемиот избор на најпознатите коктели во светот.
За “AngelsFm” Тиков се присетува на неговите почетоци, награди и љубовта кон оваа професија. Со први направени класични коктели како Cuba Libre и Mohito во  “Аngels Café” па се до врвни коктели. Како и своја објавена книга под наслов “Светот на миксологија”.

AngelsFm: Кој е првиот коктел кој си го направил во “Angelscafe”?

Никола: Сум правил класични коктели, безалкохолни коктели,буквално сум ги правел сите. Започнав да работам како помошник во бар па денес сум коктел мајстор. Имам објавено и своја книга “Светот на миксологија” со вметнување на нови работи поврзани со коктели. Нивното потекло како и начин на правење.

AngelsFm: Кои се твоите досега добиени награди?

Никола: Имам добиено награди во Малта како и во Македонија. Подготвување на најдобра техника за подготвување на коктели и добиено второ место во Европската класификација на европски регион и второ место на Светски ранг.

Со заклучок благодарение на едно истражување Тиков вели  жените најмногу обожаваат коктели. Ни вети дека  наскоро ќе дојде во родниот Штип за да уживаме заедно во најдобрите вкусови и големиот избор на коктели во “Angelscafe”.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *