Годинашниов, 39. по ред Макфест, кој ќе се одржува на 25 и 26 октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“, е со најголемата музичка конкуренција досега а градот Штип ќе биде повторно центарот на македонската забавна музика овој викенд. Пред три години сегашниот уметнички совет на фестивалот започнал со 15 пријавени песни, наредната година биле 56, а годинава во селекцијата биле рекордни 76 композиции. Ова значи дека на 25 и 26 октомври македонската музика ќе биде побогата со нови макфестовски песни, ќе се појават пејачи од сите возрасти, дебитанти, но и докажани имињи кои пееле во минатато. Или со други зборови не очекува шаренолик Макфест од секој аспект, од возраст на изведувачи, возраст на автори, жанрови на музика за сите вкусови и генерации, од класичен шлагер, до фанк, поп, рок, електро поп, ар-ен-би.

Она што со сигурно може  да се истакне е тоа дека  Макфест и годинава нема натпреварувачки карактер, туку според организаторите целта е на сцената да се испеат рефрени што ќе се паметат. 

Интересно е да се напомене дека по долги 26 години, Дарио повторно ќе настапи на сцената на Макфест, овој пат на втората вечер на 26 октомври, заедно со него, на фестивалот ќе настапат и други познати имиња, меѓу кои и Дани Димитровска, која исто така се враќа по долгогодишна пауза, додека пак Павле Камиловски и Елена Рситеска ќе го имаат својот прв настап на Макфест.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *