Најстариот фестивал во Македонија за забавни мелодии Макфест годинава ќе се одржи на 25 и 26 октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Наскоро ќе биде соопштена i деталната програма на песните и пејачите на 39. издание на фестивалот.
Минатата година, Владо Јаневски беше ревијален гостин на фестивалот. Јаневски тогаш изјави дека триесет години по хитовите „Чаирска романтика“ и „Еден бакнеж“, кои ги испеа во Штип, доаѓа повторно на Макфест. Дел од ланските учесници беа и Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, „Љубојна“ и Бојана Скендеровски.
Првиот Макфест се одржа во 1986. Победи словенечката пејачка Хелена Благне со песната „Кога те нема“ Макфест е еден од најстарите фестивали во Македонија кога станува збор за поп музика, од каде излегле голем број на познати музички имиња.