Се зголемува бројот на претстави кои се одиграни во театрите низ земјава. Во исто време бројот на посетители бележи раст на годишно ниво. Во периодот 23та -24та година Државниот завод за статистика објави дека има зголемување на изведените претстави во театрите низ Македонија и тоа за над 11 отсто. Споредбата е направена со периодот 2022 – 2023 година. Не толку голем е и растот на бројот на посетители, кој изнесува над 3 отсто, но добро е тоа што расте интересот кај граѓаните за посета на културните манифестации.

Податоците од извештајот велат дека во однос на изведени дела според видот на поставката и потеклото на авторот, 2023/2024 година имало вкупно 177 дела. Од нив 46 дела биле домашни а останатите 131 дело се странски. Овие 177 дела биле изиграни 914 пати, а ги гледале речиси 165 илјади граѓани.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *