По одличниот прв концерт под ѕвезденото небо на Охрид, музичкиот караван „Македонијо, во срце те носиме“ продолжува да ја шири својата мисија и љубовта кон татковината, овојпат кон источна Македонија.
Проектот, реализиран од Скендеровски продукција, е многу повеќе од обичен концерт. Тој е порака, љубов и искрена посвета кон Македонија. Со современи преработки на народни и одамна заборавени песни, уметниците создаваат звучна хроника што нè потсетува на нашите корени, вредности и гордоста што нè обединува.
Публиката ќе има можност да ужива во незаборавни изведби:
-
„Не кажувај либе добра ноќ“ – Огнен Здравковски
-
„Како пиреј“ – Ламбе Алабаковски
-
„Се собрале комитите“ – Миле Кузмановски
-
„Како што е таа чаша“ – Спасен Силјаноски
-
„Ја излези стара мајко“ – Марија Спасовска
-
„По друм одам мајче“ – Мина Блажев
-
„Горда Македонка“ – Зуица Лазова
-
„Запејте сите ангели“ – Бојана Скендеровски
-
„Нека живее Македонија“ – Сузана Спасовска
-
„Мајко силна“ – Александар Тарабунов
-
„Каде сте Македончиња“ – Андријана Јаневска
-
„Ако умрам ил загинам“ – Наум Петрески
Минатата недела беше претставена и песната „Роде мој“, во која заеднички настапуваат сите учесници – симбол на единството и заедничката љубов кон Македонија.
📍 Караванот „Македонијо, во срце те носиме“ следно застанува во Штип, на 3 септември, на градскиот плоштад – настан што ветува вечер исполнета со емоции, музика и гордост.