За петок попладне и во вечерните часови кон сабота синоптичарите најавуваат услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Пад на температурите за неколку степени се очекува во деновите од викендот кога ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец
Утринската температура ќе се движи во интервал од 13 до 19 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 29 до 39 степени. Според Управата за хидрометеоролошки работи од денеска до петок земјава ќе биде под влијание на топла воздушна маса од југ поради што дневната температура насекаде ќе биде над 30 Целзиусови степени, а наместа се очекува да надмине и 40 Целзиусови степени.